РАСПОРЕД ПРВА ЛИГА: Голден Арт на дерби со Јуниор КВ, Драчево на гости кај Работнички во првото коло

Првата лига ќе биде многу интересна оваа сезона, бидејќи има неколку екипи со нескриени амбиции за место во елитната конкуренција.

Во споредба со лани кога имаше 16 екипи, сега има 19, а не се пријавија екипите на Риниа и Делчево кои беа дел од лигата. Нов тим е Алкалоид.

Во групата А и групата Б, ќе се одиграат по 18 кола во систем дома-гости во регуларниот дел.

Најдобрите пет од двете групи формираат плеј-оф група, додека останатите ќе играат во плеј-аут. Во плеј-оф и плеј-аут се пренесуваат бодови и резултати од регуларниот дел, а ќе бидат одиграни дополнително уште 10 кола меѓу екипите што не играле меѓусебе во регуларниот дел.

Првото коло ќе се игра на 18/19, а веќе е познат распоредот за регуларниот дел.