Рапид Букурешт сензационално го надигра Ѓер, Будуќност триумфално во Норвешка

Денес со три натпревари во Лигата на шампионите во женска конкуренција беше комплетирано 8. коло. Најголемо изненадување во натпреварите од 8. коло направи екипата на Рапид Букурешт.

Романскиот тим на свој терен успеа да го совлада унгарскиот гигант Ѓер, со резултат 30:27. Откако ЧСМ Букурешт во претходниот ден славеше против Ференцварош во Будимпешта, денес неговиот градски ривал успеа да ја добие драмата против Ѓер.

Најефикасни во Рапид Букурешт беа Елиза Бучеси и Марија Грозвав со по седум погодоци, а голманката Ивана Капитановиќ блескаше меѓу стативите со 16 одбранети удари. Кај Ѓер се истакнаа Стине Офтедал и Естел Нзе Минко со по пет погодоци. Голманката Сандра Тофт натпреварот го заврши со десет интервенции.

Црногорскиот шампион Будуќност по вторпат триумфираше над Сторхамар, овој пат со 27:25. Претходниот дуел, кој беше одигран во Подгорица заврши со победа за Будуќност од 24:23. Иако Будуќност беше ослабен поради отсуството на Милена Раичевиќ и Ивона Павичевиќ, сепак, ракометарките со помала минутажа беа тие кои одиграа максимално концентрирано и го водеа тимот до нов триумф.

Кај Будуќност се истакнаа Илда Кепиќ и Матеа Плетикосиќ со осум, односно седум погодоци. Голманката Армел Антигре на свое конто запиша 15 интервенциии и беше една од најзаслужните за освоената победа.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ

8. КОЛО

ГРУПА А

ФТЦ – ЧСМ БУКУРЕШТ 29:33 (11:17)

БРЕСТ БРЕТАЊ – БИТИНГХЈАМ 32:28 (17:18)

КРИСТИЈАНСАД – БАЊИК МОСТ – 39:24 (18:10)

ОДЕНСЕ – КРИМ 26:22 (15:11)

ГРУПА Б

КАСТАМОНУ – МЕЦ 23:28 (13:13)

ЕСБЈЕРГ – ЛОК. ЗАГРЕБ 33:20 (18:13)

РАПИД – ЃЕР 30:27 (15:16)

СТОРХАМАР – БУДУЌНОСТ 25:27 (12:13)

ЧСМ Букурешт ја освои Будимпешта, Брест го доби дербито со Битигхајм