„Ракометот е тежок и предизвикувачки спорт – кога мотивацијата опаѓа, знаеш дека тука е крајот“

Дамир Бичаниќ неодамна објави крај на својата играчка кариера. Поранешниот репрезентативец на Хрватска и ракометар на Загреб останува во клубот и ќе биде задолжен за комуникација со меѓународните организации.

Можеби се очекуваше Бичаниќ започне со фаза на опоравување и да се врати на терените, сепак Хрватот сфати дека тоа веќе нема смисла и одлучи да стави крај на кариерата. Едноставно паузата предизвикана од коронавирусот беше предолга.

„Секој спортист доаѓа во фаза кога треба да размислува за тоа. Кај мене се поклопија некои работи, ми се случи повредата после која морав на операција а потоа пандемијава после што сфатив дека паузата е предолга за да можам да се вратам во форма. Ракометот е тежок и предизвикувачки спорт во кој годините се чувствуваат. Јас имав среќа да немам толку многу повреди во текот на кариерата. Рано започнав да играм и заминав во странство, но со текот на времето мотивацијата започна да опаѓа, а тоа е веќе крајот“, рече Бичаниќ.

Дамир Бичаниќ освен во Загреб играше во Адемар Леон и Шамбери каде што го мина најголемиот дел од својата кариера. Во дресот на репрезентацијата на Хрватска има запишано 101 настап.