„Ракометот во Македонија е религија, патникот на СП ќе се решава во последните моменти“

Репрезентацијата на Украина ја очекува бараж двомеч со Македонија за пласман на Светското првенство 2023 во Данска, Шведска и Норвешка.

Селекторот на Украина, Виталиј Андронов, истакна дека Македонија со настапот на Европското првенство 2022 собра големо искуство со играњето против Франција, Холандија и Романија.

Украинскиот стратег потенцираше и за квалитетите на македонската репрезентација.

„Велат дека сме имале среќа во ждрепката. Сепак, на хартија е едно, но во реалноста сè изгледа сосема поинаку. Станува збор за искусна репрезентација која играше на ЕП, се соочи со моќни ривали и стекна големо искуство. Ние знаеме колку Македонија вложува во ракометот. Таму ракометот е религија и многу се вложува во клупскиот ракомет. Македонската репрезентација е сериозен противник, кој што има сѐ во својот состав за да победи, од играчи со одличен шут до добри голмани. Ќе биде тешко соочување и можам да кажам дека патникот на Мундијалот ќе се решава во последните моменти“, изјави Андронов.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Украина се игра в сабота на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток од 19:00 часот, а реваншот е на неутрален терен во Кишварда на 11 април од 17:00 часот.