Ракометар со титула од Челинџ Купот потпиша за струмички Астраион!

Струмички Астраион го донесе првото интернационално засилување во пресрет на новата сезона.

Станува збор за левиот бек од Србија, Давор Тасковиќ. Тој е искусен, 34-годишен ракометар што потекнува од составот на Врање.

Низ кариерата ги носеше дресовите на Железничар, Диомидис Аргус со кој освои титула во Челинџ Купот, Динамо Букурешт, Макаби Ришон Ле Зион, беше дел од францускиот Понто Комбо, грчкиот ПАОК, а последната полусезона ја одигра во австрискиот Сент Полтен.

Има одлични физички предиспозиции, висок е 2 метри, тежок 95 килограми, и ќе биде веројатно еден од главните адути на тренерот Димитар Пандев во суперлигашките битки.

Струмичани во првото коло од Суперлигата ќе играат на домашен терен со составот на Радовиш.