Ракометар на Хамбург го победи канцерот

Ракометарот на Хамбург, Тобиас Шимелбауер успеа да го победи канцерот како што јавуваат германските медиуми.

На Шимелбауер му беше дијагностициран рак на тестисите во февруари. Тој беше подложен на операција и бројни медицински прoцедури со кои успеа да го победи кацерот.

„Сега имам одлична крвна слика. Ми рекоа дека нема потреба од уште тестирања. Единствено што треба да правам е на секои три години да правам тестирање на крвта. Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа. Верувам дека благодарение на нив успеав да победам“, рече Тобиас Шимелбауер.

Хамбург се натпреварува во втората Бундес лига и според моменталната состојба на табелата не успеа да обезбеди пласман во најдобрата лига откако беше прогласен крај на сезоната.