Ракометар на Динамо сведочи за полицискиот живот: Видов стаорци поголеми од мачки!

Играч на екипата на Динамо од Букурешт, која сезонава играше во Лигата на шампионите, Дан Савенко има несекојдневно искуство за време на вонредната ситуацијата поради коронавирусот. Тој е распореден во полициската станица во делот Ферентари во Букурешт.

Савенко мора да патролира со поискусните, а сведочи за шокантно искуство кое го имал при една патрола.

„Веќе работам една недела како полицаец. Стигнавме и до познатата Алеа на Овоштарниците. Луѓе, тоа е неверојатно. Не можете ни да замислите, не можам ни со зборови да го објаснам тоа што го видов. Мислев такви работи има само во хорор филмовите. Не можам да верувам дека ова постои и никогаш не сум ни помислил дека некогаш ќе го видам. Кога влеговме во улицата до овоштарниците она што го видов дури и ме исплаши. Видов стаорци кои беа поголеми дури и од мачки“, вели Савенко.

Тој продолжува да ја извршува полициската задача, а ќе почека за враќање на терените односно враќање на ракометот.