Ракометари на Eурофарм Работник, Бутел Скопје и Охрид повикани за настап за Црна Гора

Во ЕХФ неделата која ќе се одржи од 21 до 27 октомври за репрезентацијата на Црна Гора ќе играат ракометари кои настапуваат во Супер машката лига на Македонија, а се дел од тимовите на Бутел Скопје и Охрид.

Селекторот на Црна Гора ги повика, десното крило од Еурофарм Работник, Мирко Радовиќ, левото крило на Бутел Скопје, Мирко Мајиќ и голманот на Охрид, Јагош Брауновиќ. Двајцата се дел од тимот кој брои 20 играчи на кои селекторот Зоран Рогановиќ ќе смета за контролите против БиХ кои ќе ги играат во Тиват и во Цетиње.

И Црна Гора се подготвува за Европското првенство, а таа е во група со Хрватска, Србија и Белорусија, а ќе вкрсти со Македонија во вториот круг.

Во Македонија има и други ракометари кои се од Црна Гора, но овој пат Рогановиќ се одлучи за Мајиќ и Брауновиќ, кои играат во добра форма од стартот на сезоната.