Ракометари на Загреб уловија ајкула од Јадранско Море! (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарите на Загреб ги користат последните слободни денови пред да се вратат на тренинзи со екипата. Собирот е закажан за 25 јули, а до тогаш уживаат во убавините на нивната земја.

Јосип Божиќ-Павлетиќ и Марин Шипиќ паузата ја користат во нивниот Сплит каде што ловат риби на бродот на Павлетиќ. Тие имаа неочекуван улов откако на една од трските се закачи бебе-ајкула.

Сепак уловената ајкула ракометарите веднаш ја вратиле во морето, што не е случај со останатите уловени риби кои ги искористија да се сликаат со уловен трофеј.

Несекојдневниот улов Павлетиќ и Шипиќ го овековечиле со видео кое може да го погледнете во продолжение.