„Ракометарите со нови клубови не се знае дали ќе заработат барем еден цент после јули“

Пандемијата со коронавирус предизвика огромни проблеми ширум светот. Најголемиот дел од клубовите имаат скратени буџети, платите на ракометарите се намалени, а исто така присутна е и голема неизвесност за наредната сезона.

Левото крило на Кил, Руне Дамке зборуваше за влијането на коронавирусот на иднината на ракометарите и истакна дека нивната заработка е многу неизвесна.

„Оние што имаат нови клубови не можат да бидат сигурни дека ќе заработат барам еден цент после 1. јули. Ова е страшно, во еден момент стана јасно колку е важен планот Б. Сите треба да размислиме што ќе правиме после завршување на играчката кариера“, истакна Дамке.

Руне Дамке е долгогодишен член на Кил уште од 2012 година. Тој настапува и за репрезентацијата на Германија со која на Европското првенство во 2016 во Полска го освои златниот медал.