Ракометарите одмораат денеска, на 1 јануари одново на тренинг

Машката сениорска репрезентација на Македонија од утре ја започнува втората фаза од подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Првата фаза беше одработена во Маврово со 20 ракометари, се приклучија и Никола Митревски, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски и Жарко Пешевски.

Иако селекторот Кире Лазаров имаше проблеми со повреди на дел од играчите, сепак може да биде задоволен од сработеното и од двата меча против Кувајт на кои беа забележани две победи.

По слободниот ден на 31 декември, втората фаза од подготовките ќе се одвива во Скопје, а до заминувањето за Дебрецин на 11 јануари, ќе бидат одиграни уште два меча од пријателски карактер против Израел на 3 и 4 јануари.

Македонија ќе игра во групата А на континенталниот собир во „Феникс Арена“ против Данска, Словенија и Црна Гора.