Разгор по седум сезони заминува од Мешков Брест – се враќа дома

Белорускиот шампион, Мешков Брест, во следната сезона ќе остане без еден од најдобрите ракометари, Симон Разгор.

Искусниот ракометар од Словенија не го продолжи договорот со тимот на Мешков Брест и во следната сезона ќе биде вистинско засилување за амбициозната екипа од Словенија, Марибор.

Разгор во Белорусија пристигна во 2014 година и стана легенда на белорускиот шампион и миленик на навивачите.

За екипата на Мешков Брест има одиграно над 300 официјални натпревари и постигнато над 600 голови.

Во својата кариера беше дел од Целје и Малибор. Со селекцијата на Словенија има 47 настапи на големите натпреварувања.