Радуловиќ ја имаше првата прозивка, новакот во Женската лига започна со подготовки (ФОТО)

Новиот член на Женската лига, тимот на Скопје, кој од клупата ќе биде предводен од легендарната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ, означи старт на подготовките.

Радуловиќ ја имаше првата прозивка, на која им ги соопшти плановите и целите на нејзините избранички за дебитанскиот настап во Женската лига. На првата фаза од подготовките ќе се работи на воигрување на екипата имајќи предвид дека се работи за комплетно нов тим.

Тимот на Скопје досега имаше екипи само во младинските категории, а за новата сезона реши да пријави екипа во сениорската конкуренција, па така во новата натпреварувачка сезона ќе биде единствениот дебитант во ова натпреварување.

Скопје во регуларниот дел ќе игра во група А заедно со Гевгелија, Шампион, Спартак, Куманово, Пелистер, Чаир и Вардар. Најдобрите четири екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата, додека екипите кои ќе завршат од 5 до 8 место ќе играат во плеј-аут групата.