Радовиќ: Не сакам да барам алиби, но ни фалат многу играчи

Еурофарм Пелистер беше поразен од Фуксе Берлин со девет гола разлика, 43-34, во третото коло од Лигата на Европа.

Капитенот Мирко Радовиќ вели дека лесните голови што ги постигнувал Фуксе Берлин и некомплетниот ростер се причината за поразот.

„Примивме многу лесни голови. Не сакам да барам изговор, но морам да кажам дека ни фалат многу играчи во ротацијата. За да играме со Берлин, ни требаат сите 16 ракометари. Во вториот дел без разлика на резултатот се боревме. Нажалост, тоа е тоа што можевме вечерва. Ќе извлечеме поука од овој меч, но и побрзо да го заборавиме и да се свртиме на следните натпревари дома и на европска сцена“, вели Радовиќ.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај Мотор Запорожје во Германија.