Радовиш почна со подготовки, најавени се уште три засилувања

Тимот на Радовиш почна со подготовки за новата сезона во Суперлигата, за која се избори преку бараж мечот со Шампион.

Со нов тренер во името на Васко Василев, радовишани тренираа во салата „25 Мај“, во малку изменет состав во споредба со минатата сезона.

Заминаа тројцата странци – Милош Лојаничиќ, Петар Ачимовиќ и Али Кобеиси, како и Ивица Илиев и Ристе Чапов, а единствено засилување е голманот Александар Мицев.

Најавени се уште тројца нови ракометари, кои ќе бидат промовирани во првата недела од август, а пријателските натпревари допрва ќе бидат договорени.

Нови договори со Радовиш потпишаа голманот Славјан Паунов, крилата Кристијан Ристов, Зоран Стојановски, Филип Трајанов и Спасе Ѓорѓиев, кружниот напаѓач Александар Долдуров, како и бековите Ангелче Органџиев, Александар Марков и Здравко Постолов.