Радовиш задржа уште еден ракометар

Серијата на потпишувања на договори со ракометарите кои беа дел од тимот на Радовиш и во последната сезона продолжува, а раководството го обнови договорот и со ракометарот Александар Марков.

Играчот кој минатото лето се врати од Германија и го облече дресот на Радовиш имаше добри партии во последната сезона. Тој беше играч кој помогна доста во одбраната, па се очекува да продолжи во тој стил и во новиот шампионат.

Радовишани со ова само продолжуваат да го задржуваат најголемиот дел од постоечкиот кадар така што веќе е сосема извесно дека екипата ќе го има речиси истиот лик како и во последниот шампионат во кој до последен момент имаше битка за опстанок.

Инаку, од тимот си заминаа најефикасниот играч Ивица Илиев, Зоран Стојановски и тренерот Андон Бошковски, додека договорите ги продолжија Паунов, Долдуров, Ристов, Органџиев, Постолов, Ѓорѓиев и Трајанов. Нов тренер е Васил Василев.