Радовиш донесе уште еден лев бек – Чапов се врати дома

Тимот на Радовиш продолжува со формирање на играчкиот ростер во пресрет на новата сезона.

Откако ги обнови договорите со поголем дел од првотимците од минатата сезона, радовишани донесоа ново засилување.

Станува збор за левиот бек Ристе Чапов, кој потекнува токму од Радовиш, а во минатите сезони беше дел од Пролет, Бутел Скопје и Јуниор Кисела Вода.

Тој ќе им прави друштво на Здравко Постолов и Ангелче Органџиев на левата бековска позиција.