Радовиш донесе нов голман – потпиша Мартин Трајковски!

Тимот на Радовиш за продолжението од сезоната во Суперлигата, ангажираше нов чувар на мрежата.

Радовишани потпишаа договор на две сезони со талентираниот Мартин Трајковски, кој досега ги бранеше боите на Весна Акумулатори.

Трајковски ќе формира дуо со искусниот Славјан Паунов, кој долги години го чува голот на Радовиш.

Радовишани во досега одиграното во елитната конкуренција, забележаа еден пораз од Астраион Струмица и една победа над КЛ7.