Радичевиќ: Свесна сум за поделбите, но ние не играме за станови!

Капитенот на црногорската репрезентација, искусната Јованка Радичевиќ по завршувањето на Европското првенство 2022 ќе стави крај на својата репрезентативна кариера и ќе се посвети на настапите на клупско ниво.

Радичевиќ за црногорскиот портал ,,Колектив” после долго време се огласи за шпекулациите во црногорската јавност дека заедно со нејзините колешки добиле станови поради настапот во националниот дрес.

,,Можеби не е време, но сакам да кажам – не беше лесно во последните десет години да се слушаат приказни за тоа како „лавиците“ играат само за пари, како добиле станови…Колку што знам, ниту една од „лавиците“ нема стан поради тоа што играла за Црна Гора. Сѐ што дадов и сѐ што дадовме беше од љубов. Ова е нешто што искрено ме боли да го слушам со години. Свесен сум за поделбите насекаде околу нас, но треба да ја гледаме суштината, а тоа е Црна Гора, нашата татковина. Мислам дека многу тешко ќе биде некој да го повтори нашиот успех од 2012″, изјави Радичевиќ.

Радичевиќ моментално е членка на словенечкиот шампион Крим Меркатор. За Црна Гора, Радичевиќ досега одигра 185 натпревари и постигна 1060 погодоци. Македонската публика ја памети по одличните настапи во дресот на Вардар.

Река од емоции и солзи во Морача – Радичевиќ испратена како херој! (ВИДЕО)