Раде Стојановиќ и следната сезона ќе биде тренер на Охрид!

Стратегот на Охрид, Раде Стојановиќ и следната сезона ќе биде предводник на тимот, откако денеска беше договорена нова соработка.

Стојановиќ лани се пресели во клубот, и го однесе во плеј-офот на високото второ место, па логично беше договорот да биде продолжен.

Претходно беше тренер на Металург 2, а работи и како селектор на пионерската репрезентација на Македонија.

Покрај на домашна сцена, веројатно ќе го предводи Охрид и на натпреварите во Лигата на Европа, иако за местото во Европа се чека на потврда од РФМ.

Во следните денови се очекува потврда и за останување на сите играчи од ланскиот ростер, со исклучок на пикерот Кристијан Анастасовски, кој се сели во Франција.