Работнички приреди сензација – го совлада новиот суперлигаш Голден Арт

Ракометарите на Работнички приредија сензација во рамки од 9.коло во плеј-оф фазата во Првата лига откако го совладаа новиот суперлигаш, Голден Арт, со два гола разлика, 30:28.

За Голден Арт ова беше трет пораз во оваа сезона, односно втор во прволигашкиот плеј-оф. Работнички, иако, во следната сезона ќе игра во Првата лига, сепак, денес покажа дека знае да одигра квалитетно против посилни екипи како Голден Арт, кој на денешниот натпревар настапи без својот најдобар стрелец, Ивица Илиев.

Избраниците на Никола Матлиески за нијанса беа подобри во првото полувреме, кое заврши во нивна корист, 13;14. Во второто полувреме се очекуваше дека Работнички ќе попушти и ќе се предаде, но составот на Ристо Трпчевски, предводен од Дука, направи пресврт во завршниот дел и ја запиша првата победа во плеј-оф фазата.

Најефикасен на натпреварот беше членот на Работнички, Ѓорѓи Дука со 12 погодоци. Во Голден Арт, листата на стрелци беше предводена од Христијан Милошески и Никола Димитров со по девет погодоци.