Прослава на титула на празен плоштад (ФОТО)

Многу првенства низ Европа завршија поради кризата со коронавирусот, а меѓу последните што ставија крај беа раководните лица на Бундес лигата.

Шампион стана Кил, кој ја освои 21 титула, прва после пет години пауза кога на престолот се менуваа Рајн Некар Левен и Фленсбург.

Тренерот Филип Јиха не можеше да го прослави трофејот како што доликува со неговите избраници, па затоа мораше тоа да го стори на видео конференција.

Традиционална прослава на титулата на плоштадот во Кил, не можеше да се организира, па затоа градските власти се решија да истакнат знамиња од тимот и да покажат кој е најдобар во Германија.