Промовирана колекцијата од шест книги на тренерот Николче Костовски (ФОТО)

Во Битола се одржа промоција на колекција на шест книги и мултимедијални софтвери од тренерот на Феникс, Николче Костовски.

Се работи за колекција од шест книги, два ракометни софтвери и три мултимедијални ЦД кои се однесуваат на мини ракометот, спортската исхрана, скаутингот и спортскиот менаџмент.

Содржината на книгите е создадена во текот на дваесет години,а целта на истата е да помогне на секој што е вклучен во ракометот и спортот воопшто.

На промоцијата зборуваа рецензентите, професорите на Факултетот за физичка култура, Гино Стрезовски и Влатко Неделковски.