Пролет е вториот патник во плеј-оф рундата

Екипата на Пролет 62 го совлада составот на Радовиш со 27:21 на свој терен и на тој начин обезбеди три бода кои се доволни за да може на два меча до крајот на есенскиот дел да се има место во плеј-офот.

Откако почетокот на средбата мина со водство на гостите од 3:1 следуваше серија од 6:0 на Пролет во која Ангелов успеа да запре неколку удари. Притоа беше обезбедено водство од 7:3 и овие четири гола овозможија да се одигра мирно во продолжение.

До крајот на првото полувреме со сигурна игра се чуваше водството кое се движеше од 2 до 4 гола. Сепак, во завршницата на првиот дел дојде до мало опуштање, па гостите успеаја да се вратат и да намалат на еден гол. На тој начин Пролет имаше 13:12 на полувреме.

Овој гол предност брзо беше зголемен до четири, па и до пет погодоци. Пролет постојано беше во предност и во ниту еден момент немаше никаков проблем за да го одржува водството. Постојано разликата беше доволно висока за да може да се одигра мирно до крајот од средбата.

Радовишани немаа сили да направат нешто повеќе, па рано се имаа помирено со овој пораз после кој само остануваат далеку од можноста да дојдат до плеј-оф така што е јасно дека напролет ќе имаат тешка задача во плеј-аутот.

4 декември 2020
27 - 21
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
4 декември 2020 19:51 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 04.12.2020 60'

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1327Победа
РАДОВИШ1221Пораз

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Кристоголман00
4Михаил Аларовпивот03
7Кристијан Давитковскидесен бек00
8Дејан Пецаковскилев бек10
9Бојан Јовановскилево крило00
10Стефан Доневпивот00
13Мартин Димовдесно крило03
15Ласко Андоновскицентрален бек03
16Никола Кизиќголман00
18Иван Џоновлев бек22
19Доне Мајновдесен бек03
21Марио Гичевцентрален бек01
22Александар Василевскилев бек00
26Петар Ангеловголман00
71Давор Палевскилево крило03
99Жарко Пејовиќцентрален бек09
 Вкупно 327

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило11
4Александар Марковлев бек20
7Александар Долдуровлево крило02
9Спасе Ѓоргиевдесно крило11
10Здравко Постоловцентрален бек03
11Филип Костадинов-00
14Јован Ѓоргиевлев бек00
15Аце Спасовлев бек00
18Ангелче Органџиевлев бек02
23Кристијан Ристовлево крило05
24Мартин Трајковскиголман07
72Ивица Илиевцентрален бек00
81Мартин Ситновски-00
 Вкупно 421

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115