Продолжува агонијата на Кудуз: На улица сум трет ден, немам ниту гаќи да променам!

Хрватскиот интернационалец Анте Кудуз во последните неколку дена минува низ голема агонија.

Газдите на станот каде што живеел ја смениле бравата на станот каде што живеел Кудуз, затоа што неговиот клуб Динамо Букурешт не ја платил киријата.

„На улица сум веќе трет ден. Со мене е само спортската торбица во која имам работи за тренинг и за натпревари. Пред три дена се вративме од Клуж, во три и пол часот наутро чуварите од комплексот каде што живеев не ми дадоа да влезам во станот. Ги молев да земам само некои од моите работи, но не ми дадоа. Замислите како може човек да се чувствува во тие моменти. Веднаш се јавив во клубот, ми рекоа дека ќе реагираат идната недела, а јас со себе немам баш ништо за да живеам нормално, сѐ ми е заклучено во станот“, вели Кудуз за „Спортске Новости“.

Ова е трета ваква случка за Кудуз, а смета дека има поврзаност што не ја прифатил понудата на Динамо за нов договор и затоа што ќе се пресели во Вардар.

„Летоска имав иста ситуација, по завршувањето на подотовките и тогаш чекав цел месец. Потоа слично нешто се случи по едно гостување во Европската лига. Ова е третпат, не можам веќе да толерирам. Не знам која е причината, клубот според договорот е обврзан да плаќа кирија за станот. Ништо немам згрешено, единствена причина можеби е што им кажав дека по крајот на оваа сезона одам во Вардар. Можеби тоа е причината, но не е начинот добар…Сега спијам кај соиграчите, кај пријателите, а тие имаат семејства и не е баш лесно. Сега сум кај еден другар Србин, одбојкар. Немам ниту долна облека да сменам. Да можам да дојдам до мојата гардероба, ќе биде многу полесно. Вака, заробен сум во Букурешт и чекам расплет на ситуацијава. Едвај чекам да завршам со Динамо, да си заминам од тука. Се надевам дека во Вардар ќе ми биде подобро и полесно“, заврши Кудуз.

Тој игра трета сезона во Динамо Букурешт, а со Вардар потпиша договор на две сезони кој стапува на сила од лето.