Продадени 50.000 билети за првиот ден на ЕП, Македонија ќе биде дел од историјата!

Планот на Германската и Европската ракометна федерација се оствари на 118 дена до почетокот на Европското првенство во 2024 година.

Организаторите објавија дека ќе биде срушен светскиот рекорд за посетеност на ракометен натпревар и дека повеќе од 50.000 билети се распродадени за првите два меча на ЕП на „Меркур Арена“ во Диселдорф.

На 10 јануари од 18:00 часот ќе играат Македонија и Франција, потоа од 20:30 часот домаќинот Германија ќе се соочи со Швајцарија.

Досегашниот светски рекорд по посетеност исто така беше достигнат во Германија на мечот од Бундес лигата меѓу Рајн Некар Левен и Хамбург – 44.189 гледачи во 2014 година.

ЕП 2024 година ќе стартува токму од Диселдорф за Македонија на 10 јануари, а потоа ќе играме против Германија на 14 јануари и Швајцарија на 16 јануари во „Мерцедес Арена“ во Берлин.