Проблем за Зорман – Словенија против Србија без столбот во одбраната

Селекцијата на Словенија се соочува со проблеми во ростерот пред бараж двомечот со Србија за пласман на Светското првенство.

Кружниот напаѓач и столб на словенечката одбрана,  Блаж Благотиншек го повреди бутниот мускул и нема да биде во комбинација за овој двомеч. Матиц Сухолежник и Миха Жвижеј ќе се обидат да го надополнат неговото отсуство.

„После повредата на Блаж логично беше да повикаме нов кружен напаѓач. Одлучивме да ги повикаме Матиц и Миха и да провериме како ќе се снајдат во нашиот систем“, изјави селекторот на репрезентацијата на Словенија, Зорман.

Во составот на Словенците е и Нејц Цехте кој од наредната сезона ќе го засили Вардар, тука е и Клемен Ферлин кој има повреда, но не е дефинитивно отпаднат за настап.

Составот на Словенија за овој двомеч во баражот изгледа вака:

Дарко Цингесар, Тилен Кодрин, Блаж Јанц, Гашпер Маргуч, Ник Хенигман, Борут Мачковшек, Деан Бомбач, Домен Макуц, Сташ Скубе, Алекс Влах, Миха Зарабец, Нејц Цехте, Јуре Доленец, Тадеј Кљун, Матеј Габер, Миха Квачич, Матиц Сухолежник, Мика Живижеј, Клемен Ферлин, Јоже Базник, Урх Кастелиц, Миљан Вујовиќ.

Првиот натпревар против Србија Словенија го игра во Цеље во среда, додека реваншот е во сабота во Крагуевац.