Проблеми за Барселона – Лука Циндриќ паузира три недели

Организаторот на играта на Барсеона, Лука Циндриќ би можел да го пропушти дуелот против Мешков Брест од четврт-финалето од Лигата на шампионите на 12 мај доколку заздравувањето од повредата оди побавно од предвиденото.

Циндриќ има повреда на тетивата на десната нога и поради тоа мораше на прегледи. Утврдено е дека ќе мора да паузира три недели така што ова може да биде проблематично за Барселона со оглед на тоа што се работи за играч кој е важен за тимот на Каталонците.

Без Циндриќ играта нема да биде иста, па затоа сигурно ќе се направи сè тој да биде подготвен за да се врати во тимот и да може да им помогне на колегите.

Првиот натпревар е на 12 мај и дотогаш би требало да биде подготвен, но доколку не оди сè како што се планира тогаш ова може да биде дополнителен проблем и да мора да се бара друга солуција.