Прилеп немаше проблеми против Риниа, забележа четврта победа по ред

Ракометарите на Прилеп по поразот од Јуниор Кисела Вода, влегоа во победничка серија и ги победија Алушовски, Текстилец, Македонија Ѓорче Петров, како и Риниа во Чаир.

Во рамките на 14. коло од групата 1 во Првата лига, избраниците на Адријано Котевски славеа на гостувањето кај Риниа со убедливи 31-41.

Прилепчани сега се втори зад лидерот Астраион со 27 бодови и со скоро сигурно место во плеј-офот за Супер лигата.