Признание за Македонецот – Димитриоски во тимот на колото во Асобал Лигата! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски вторпат се најде во идеалниот тим на колото во Асобал лигата.

По перфектната партија на мечот со Пуерто Сагунто, кој неговиот Ваљадолид го доби убедливо со 33-26, за Димитриоски имаше место меѓу најдобрите седум.

Тој успеа да постигне шест гола од шест обиди на овој натпревар и заслужено е во друштво на Перез Де Варгас, Дика Мем….

Димитриоски играше во одлична форма минатата сезона во дресот на Ваљадолид, а почна исто и во новата сезона.

Заедно со Дарко Димитриевски се единствените Македонци што оваа сезона играат во Асобал лигата.