Прибак со Војводина го освои Купот на Србија

Ракометарот кој го има носено дресот на Вардар и на репрезентацијата на Македонија, Немања Прибак денеска со тимот на Војводина дојде до трофејот во Купот на Србија.

Екипата на Војдовина во финалето се избори за победа од 19:17 против составот на Металопластика така што по седмипат овој тим дојде до трофејот во натпреварувањето. Инаку, ова беше дуел на двете екипи од Србија кои настапуваат во СЕХА лигата.

Двете екипи имаа добри настапи во полуфиналето кога успеаја да забележат убедливи победи, а од резултатот може да се види дека во финалето беа крајно внимателни и повеќе размислуваа за одбраната отколку за нападот.

Вчера Војводина беше подобра од Раднички со 30:18, додека Металопластика во второто полуфинале обезбеди победа против Железничар со 32:29. Натпреварите се играа во Смедерево.