Прибак и донесе победа на Војводина над Татран

Ракометарите на Војводина го совладаа тимот на Татран Прешов со 23:22  во рамки на СЕХА лигата. Ова беше нивни петти триумф сезонава и се израмнија со денешниот противник на третата позиција на табелата со по 15 бода.

Натпреварот беше потполно израмнет во првиот дел, двете екипи имаа свои минути но ниту една не успеа да направи поголема предност во пресрет на продолжението. Највисокото водство од 13:10 го имаше Војводина во 26. минута, но на полувреме имаше само минимална предност од 13:12.

Во вториот дел Војводина предността од првиот ја одржуваше успешно. Во текот на сите 30. минути Татран бркаше негатива. Во последната минута од натпреварот намалија на минус еден, но во следниот напад поранешниот македонски репрезентативец Немања Прибак реализираше и ја потврди победата.

Најефикасни во тимот на Војводина со по пет погодоци беа Страхиња Станковиќ и Јовица Николиќ, а во противничкиот тим исто така со по пет реализации најпрецизни беа Хавиер Муњоз и Нино Грзентиќ.