Претквалификации за СП 2021: Турција обезбеди следна фаза, Грција со предност во својата група

Викендов започнаа претквалификациите за Светското првенство во Египет 2021 година. А веќе е и познат првиот победник од групите кои ги даваат учесниците во следната квалификациска фаза. Тоа е Турција која на домашен терен успеа да мине во следната рунда.

Турците во Ескишехир беа домаќини на турнирот, а во одлучувачкиот дуел триумфираа против селекцијата на Белгија со 33:24, полувреме 17:11. Со оваа победа Турција обезбеди прво место во конуренција на Белгија и Естонија.

Во групата 2 во рамки на 2. коло домашните екипи остварија победи. Финска беше поуспешна од Кипар, а репрезентацијата на Грција минимално го совлада Израел за два од два на почетокот на преткалификациите.

Група 2

Финска – Кипар 30:20 (12:15)

Грција – Израел 26:25 (12:11)

Табела: 1.Грција – 4 бода, 2. Финска – 2 бода, 3. Израел 2 бода, 4. Кипар – 0 бодови.

Група 4

Турција – Белгија 33:24 (17:11)

Табела: 1. Турција – 4 бода, 2. Белгија – 2 бода. 3. Естонија – 0 бодови.