Преспа со убедлива победа над Риниа, останува на врвот

Во рамките од плеј-аут групата во Првата лига, Преспа беше убедлива против Риниа и славеше со 38:20. На овој натпревар екипата на Риниа настапи со осум ракометари.

Ракометарите на Преспа иако на почетокот имаа мали проблеми, сепак, во преостанатиот дел имаа целосна доминација над нивниот противник. По петнаесетина минути игра, Преспа имаше 8:6, а минута подоцна, Шиклевски беше успешен за 9:6. Екипата на Риниа во криза, а домаќините со серија од неколку голови успешно го завршија првото полувреме со предност од 19:8.

Во второто полувреме разликата растеше во корист за Преспа, се разиграа и останатите ракометари од домашната клупа, додека избраниците на Љуљзим Исмаили тешко доаѓаа до позиција за гол. Преспа рутински ја заврши својата задача до последната секунда и дојде до висока победа од 18 гола разлика.

Најефикасен во домашниот тим беше Били Мишевски со седум гола. Во составот на Риниа, Ахмедјасин Исмаили беше прв стрелец со осум гола.