Пресврт кај Португалците: Со Мартинс, Калваканти, Роча, Дуарте…по изненадување на ЕП

Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Пауло Переира го соопшти списокот на 20 играчи со кои ќе настапи на Европското првенство 2022. Стратегот на Португалија пред самиот старт на подготовките се соочи со голем број на проблеми бидејќи дел од неговите ракометари беа повредени, а дел позитивни на Ковид 19.

Поради повреда, за Будимпешта нема да патуваат – Луиш Фраде, Андре Гомеш, Педро Портела, Диого Силва, Алексис Боргес, Жоао Фераз и Белоне Мореира. Мигел Мартинс, Александре Калваканти, Тијаго Роча и Густаво Капдевил се повикани меѓу 20-те патници за Европското првенство, откако го прележаа коронавирусот.

Репрезентацијата на Португалија пред стартот на Европското првенство ќе настапи на силен турнир во Винтертур и ќе одигра пријателски натпревар против Швајцарија, Црна Гора и Украина.

Португалија е во група заедно со селекциите на Унгарија, Исланд и Холандија. Португалците првиот натпревар на Европското првенство ќе го одиграат против Исланд на 14 јануари.