Преку ноќ се смени сè: Од капитен на репрезентација стигна до претседател на Федерација

Репрезентацијата на Чешка на Европското првенство во 2018 година во Хрватска го имаше најдобриот резултат кога заврши на 6. позиција, а на следното првенство во 2020 година влезе во главната рунда. Оттогаш многу работи се променија пред сè заради Ковид-19.

Чешка имаше обезбедено настап на Светското првенство во Египет, но поради голем број случаи на коронавирус во репрезентацијата мора да го откажат учеството. Како резултат на тоа федерацијата се разделии со тренерите Даниел Кубеш и Јан Филип, а требаше да биде назначен и нов претседател. Во средината на март играчот кој беше најефикасен на ЕП 2018, Ондреј Здрахала стана нов претседател на федерацијата на Чешка.

На 37 годишна возраст Здрахала требаше да ја предводи својата репрезентација на Мундијалот во Египет, но тоа не се оствари. Сега тој настапува во катарската Ал-Вакра и му претстојат уште неколку недели од договорот со овој клуб.

„На крајот на мај поглавјето како играч ќе биде затворено, а потоа ќе се преселам во мојата претседателска канцеларија во Прага. Ќе биде предизвик настапот на ЕП 2022, ние ќе играме во Братислава доколку има навивачи сите ќе бидат таму. Секако ќе го носам дресот на Чешка во Братислава, но на трибините како навивач. Репрезентациајта на Чешка ми е во срцето и навистина ќе помогнам и да ја поддржам“ рече Здрахала за eurohandball.com.

Чешка со клучниот триумф во меѓусебниот дуел со Украина обезбеди пласман на Европското првенство и сега ги очекува ривалите на ждрепката.