Прекин на ракометната сезона во Норвешка

Властите во Норвешка ги прекинаа сите спортски настани на две недели и поради тоа ракометната сезона во скандинавската земја е под закана.

Во краток временски период, голем број на екипи ќе одиграат над 35 натпревари во рок од три месеци доколку продолжи сезоната. Тука се и неколку тимови кои покрај  настапите во домашната лига се натпреваруваат и на Европска сцена.

Тренерот на женската екипа на Кристијансад, Оле Густав Екстад, за домашните медиуми ја коментираше настанатата ситуација и како голем проблем ги наведува патувањата и тестирањата за Ковид-19.

„Во принцип, не е толку голем проблем да се играат многу натпревари за краток временски период. Повеќе ме загрижува тоа што мораме многу да патуваме. Исто така ова наметнува одредени здравствени барања. Не знам како ќе го комбинираме сето тоа“, вели Гјекстад.