Пред 4-5 децении во Битола имаше градска лига и 12 до 14 екипи

Една од најодговорните задачи во еден тим е создавањето на млади ракометари, а во Битола во последните сезони некако почна да затајува појавата на нови таленти.

Сепак, не е згасната младинската школа туку Еурофарм Пелистер се труди на виделина да избијат нови ракометари, а ова е задача на Стефче Стефановски и тренерите кои ќе треба да ги координира.

Тој се потсети како беше во негово време, кога тој и неговите врсници бараа начин како да стигнат до место во екипата на Пелистер.

„Во мое време беше потешко. Тогаш имаше градска лига и имаше 12-14 клуба, кои егзистираа на подрачјето на град Битола. Имаше по 10-15 играчи во секоја екипа и тоа беа над 100 ракометари. Не беа младински тимови туку клубови. Тие таленти излагаа на виделина. Многу полесно е да се видат кога се играат натпревари отколку на час по физичко. Тогаш сум сигурен бидејќи го почувствував на свој грб. Oд таа градска лига тогаш излегоа најквалитетните ракометари кои играа во Пелистер. Сега не треба да се прави одново таа лига, сега можеме да ги анимираме младите на ниво на училишта. Можат да играат многу натпревари, а јас сакам да ги приклучам и школите на ниво на Битола за да има постојано натпревари кои ќе бидат под мој надзор и под надзор на тренерите во клубот за да можеме најдоброто да го извлечеме за првиот тим“,вели Стефановски во интервју за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.