Пред две години Вардар победи во Шпаркасе арена

Екипата на Вардар во далеку поинаков состав од денешниот пред две години успеа да го совлада составот на Кил на негов терен.

На 22 април во првиот меч од четврт-финалето, Вардар успеа да забележи голема победа против Кил во Шпаркасе арена со 29:28. На тој начин се избори за важна предност која потоа се покажа како доволна за да може да се оди на Ф4 турнирот.

Од тој натпревар енеска на терен ќе бидат Стоилов, Чупиќ, Дибиров и Кристопанс. Поради повреда ќе го нема Шишкарев, додека другите веќе ги имаат напуштено редовите на Вардар.

Најефикасни на мечот пред две години беа Стоилов, Чупиќ и Мораеш со по пет гола, додека Дибиров имаше четири.

Ова е сосема поинаков натпревар, но убаво е да се знае дека и Вардар знае како е да се победува против екипа од рангот на Кил и тоа на гостување.