Прв трофеј за Скубе во Белорусија, Мешков Брест го освои Купот

Белорускиот шампион Мешков Брест, денеска го освои трофејот во Купот по 12. пат во клупската историја.

Избраниците на Раул Алонсо во финалето прославија победа над незгодниот тим на СКА Минск со минимални 26-25.

На полувремето, Мешков имаше водство од два гола разлика, 15-13. Ова е прв трофеј со белорускиот тим за Скубе, Санталов, Пачковски и Врањеш, кои дојдоа летово.

Најдобар стрелец беше десното крило Никита Вајлупов со 11 погодоци, додека екс вардарецот Скубе даде еден гол.

Мешков Брест е прв ривал на Вардар во новата сезона од Лигата на шампионите, а натпреварот ќе се игра на 16 септември.