Прв позитивен случај во Бундес лигата: Менса Ларсен има коронавирус!

По петте случаи на заразени ракометари на шпанскиот второлигаш Малага, како и ракометарот на францускиот Лимож, стигна првата информација за инфициран ракометар од Бундес лигата.

Станува збор за данскиот репрезентативец Мадс Менса Ларсен, кој е заразен со коронавирусот. 29-годишниот ракометар минатата седмица имал симптоми налик на грип, по што решил да се тестира.

Тој во моментов се чувствува добро, но неговото семејство ќе мора да биде во карантин од две седмици.

„Во контакт сме со нашиот лекарски тим и со властите, и ќе направиме се што е во наша моќ да го успориме ширењето на вирусот. Свесни сме за своите обврски и одговорности во овие тешки моменти. Здравјето на нашите играчи и вработени е наша примарна цел“, изјавија од Рајн Некар.

Тренинзите на „лавовите“ се одложени на неодредено време.