Прв интернационален предизвик: Драгица Митрова се сели на Малта!

Поранешната репрезентативка на Македонија, Драгица Митрова во новата сезона ќе го има првото интернационално искуство. 34-годишната ракометарка од Гевгелија се сели на Малта и ќе го носи дресот на актуелниот шампион Феникс.

Митрова во својата кариера освен за Гевгелија настапуваше и за поранешниот македонски шампион Металург.

Некогашното лево крило на македонската репрезентација во сезоната што заврши беше меѓу најдобрите десет стрелци во Женската лига, постигна вкупно 190 погодоци во дресот на Гевгелија и заврши на 6. место меѓу стрелците.

Митрова е втората ракометарка од Гевгелија која во новата сезона ќе настапува на Малта. Претходно, кружниот напаѓач Бети Петковска потпиша за тамошниот вицешампион Ла Сале.