Прв интернационален предизвик: Андреа Седлоска потпиша за Локомотива Загреб!

Македонската репрезентативка Андреа Седлоска ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата, а тој ќе биде во градот во кој нејзиниот татко остави силна трага во фудбалскиот клуб Динамо.

17-годишната ракометарка која настапува на левата бековска позиција и стручњаците и предвидуваат блескава иднина, потпиша за тимот на Локоотива Загреб.

Овој тим долги години е во сенка на Подравка, но важи за тим во кој секогаш младите добиваат шанса за игра.

Седлоска со Локомотива освен во хрватскиот шампионат, ќе игра во регионалната лига и во ЕХФ Купот, а ривалот ќе го дознае на 1 септември.

Таа досега настапуваше за Вардар и беше меѓу најдобрите стрелци, а иако имаше понуди и од други македонски и странски тимови, сепак се реши за Локомотива.