Прв бод за Будуќност, нови победи за Ѓер и Кристиансанд во Лигата на шампионите

Во рамки на Лигата на шампиони за жени беа одиграни неколку интересни натпревари. Ракометарките на Будуќност го освоија првиот бод, додека Мец, Ѓер и Кристиjaнсанд забележаа победи.

Дерби дуелот помеѓу Кристиjaнсанд и ЧСМ Букурешт го добија Норвежанките со 30:25. Кристиjaнсанд во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот и стигна до важна победа. После првиот дел беше 14:12, а во продолжението домашната екипа имаше и највисока предност од шест гола. Ова е трет тирумф на Кристиjaнсанд, а прв пораз на ЧСМ Букурешт.

Ракометарките на Будуќност кои имаат многу проблеми со коронавирусот, во четвртиот натпревар стигнаа до првиот бод во Лигата на шампионите. Црногорскиот претставник одигра нерешено на домашен терен против Брест 22:22. Натпреварот беше многу изендачен од почеток до крај, на поулувреме беше 12:12, а така продолжи дуелот до самиот финиш. Брест останува непоразен со две победи и две нерешени средби.

Во натпреварот помеѓу Ѓер и Одензе домашниот тим сигурно стигна до победа од 32:25, а уште на полувремето унгарскиот тим имаше добра предност од 16:11 со што ја најави победата. Во единствениот натпревар од терминот во 16 часот, Мец стигна до лесен триумф против Крим.

Лига на шампиони, Резултати

Мец – Крим 33:27 (19:11)
Будуќност – Брест 22:22 (12:12)
Ѓер – Одензе 32:25 (16:11)
Кристиансанд – ЧСМ Букурешт 30:25 (14:12)