Прво ги изненадија навивачите, а потоа следуваше огромно изненадување од спонзорот (ФОТО)

Ракометарките на Влчеа од почетокот на подготовките имаат неколку изненадувања. Откако прво беа изненадени од навивачите кои ги посетија на тренинг кампот следуваше ново од страна на спонзорот на клубот.

Веднаш по пристигнувањето во Влчеа ракометарките ги чекаше изненадување, а секоја од нив доби службен автомобил кој ќе го користи во текот на следната година додека игра за клубот.

Ракометарките предводени од Флорентин Пера ги добија клучевите од автомобилите на кои е испишано имаето на спонзорот. Партнерството меѓу клубот и дистрибутерот на возила продолжува веќе втора година. На страната на спонзорот на социјалните мрежи беше истакнато задоволството од соработката со клубот.

„Нови автомобили за шампионките, со среќа. Ужвајте во возењето до нови победи“.