Прволигашите ги дознаваат ривалите – в понеделник на пладне во РФМ извлекување на групите

В понеделник на пладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе бидат извлечени групите за Првата лига.

Во новата сезона ќе играат 16 екипи во прволигашкото друштво, во две групи по осум, а потоа ќе има плеј-оф и плеј-аут.

Покрај групите во Првата лига, ќе бидат извлечени и редните броеви на екипите од Женската лига, во која ќе играат 13 екипи.

Истиот ден ќе биде познат и распоредот на натпреварите и датумите на одигрување во двете конкуренции.