ПРВОКЛАСНА СЕНЗАЦИЈА: „Фенерџијата“ Антекера украде бод од големата Барса!

Последнопласираната екипа во Асобал лигата, Антекера, која следната сезона ќе игра во Втора лига, успеа да одигра нерешено со големата Барса, 32-32.

Овој резултат беше поставен на две минути до крајот, двете екипи имаа шанса да погодат за триумф, но не го сторија тоа и неважниот меч заврши реми.

Иако Барса беше без дел од ѕвездите, кои се „чуваа“ за реваншот во ЛШ со Фленсбург, тоа не е алиби за каталонскиот гигант.

Колку за споредба, во првиот меѓусебен натпревар, Барса ја победи Антекера со убедливи 45-19.