Првенец за македонските репрезентативци во црвено-црниот дрес (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Филип Талески и Томислав Јагуриновски го постигнаа својот прв гол во црвено-црниот дрес на официјален натпревар откако Вардар го одигра возвратниот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата во Скопје против Нексе.

По првиот четвртфинален дуел во март, вардарци со речиси нова постава го бранат голот предност од Нашице. А еден од новите ракометари во дресот на Вардар е и македонскиот репрезентативец Филип Талески кој доби шанса да заигра на почетокот на второто полувреме.

Во средина на вториот дел својот првенец го постигна и Томислав Јагурионовски, некогашниот младински репрезентативец и дел од поширокиот сениорски список на Данило Брестовац. Тој се врати во својот матичен клуб по неколку години и ќе биде помош за Чупиќ и Георгиевски на десната крилна позиција.