Прва победа за кадетите на Медитеранските игри

Кадетската репрезентација на Макеоднија ја забележа првата победа на Медитеранските игри во Атина. Во втоиот натпревар кадетите славеа со 21:17 (5:5, 8:4, 8:8) против репрезентацијата на Мароко.

Првиот период нашите репрезентативци го започнаа многу слабо, дозволија противникот да поведе со 3:0. Следуваше подобар период и одлична игра во одбрана што ги задржа Мароканците долго на три гола, а во 10. минута резултатот беше нерешен како што остана до крајот на првиот дел, 5:5.

Во вториот период Македонија доминираше на теренот, многу брзо поведе со 10:6 и без проблеми со сочува водството во вторите 15 минути. Вториот период го добија избраниците на Матлиески со 8:4.

Добрата игра од вториот период продолжи и во третиот во кој нашите репрезентативци продолжија да ја зголемуваат разликата. Во 39. минута беше 18:11 и победникот веќе беше познат. Сепак во последните минути во нашиот тим имаше неколку исклучувања и црвен картон што Мароканците го искористија и го ублажија поразот. Третиот период заврши нерешено 8:8.

По првиот ден кадетските репрезентативци имаат учинок од една победа и еден пораз. На отварањето на Медитеранските игри беа поразени од Шпанија со 21:14. Инаку на овој турнир важат изменети правила и се играат три периоди од по 15 минути.