ПРВА ЛИГА, ГРУПА 1: Прилеп го освои Ѓорче, Јуниор КВ со триумф против Куманово

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од четвртото коло во групата 1 од Првата лига. Тимот на Прилеп влезе во победничка серија и славеше на гостувањето кај ослабената Македонија Ѓорче Петров со убедливи 25-35.

Домашните одржуваа рамнотежа во првиот дел, но без суспендираните ракометари немаа сили да се борат против гостите во второто полувреме.

Струмички Астраион немаше поголеми проблеми на гостувањето кај Риниа во Скопје и оствари лесна победа, додека составот на Вардар Неготино направи мало изненадување со триумфот кај Алушовски.

Јуниор Кисела Вода помогнат од голманот Огнен Трајковски, како и Башевски и Витанов во нападот победи во дерби дуелот против Куманово, иако гостите во првиот дел беа во игра за позитивен резултат.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 1

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПРИЛЕП 25:35
(Митревски 8 – Пајкоски, Ташев 7)

РИНИА – АСТРАИОН 20:35
(Емини 7 – Ончев 10)

АЛУШОВСКИ – ВАРДАР НЕГОТИНО 26:28
(Рачевски 6 – Вељанов, Трајковски 7)

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – КУМАНОВО 23:20
(Башевски 8 – Миладиновски 7)